06/02/2026
✨ 2025 – Година на идеи, акција и визија за иднината ✨
Во текот на 2025 година, Зелена градба асоцијација уште еднаш покажа дека вистинските промени започнуваат со иницијатива, соработка и искрена грижа за заедницата.
Со гордост ги споделуваме сите реализирани кампањи, проекти и иницијативи:
🌱 Кампања „Моето родно огниште“ – зачувување на корените, традицијата и руралниот идентитет
💪 Кампања „Фитнес за џабе“ – здрав живот достапен за сите
🏡 Кампања „Развој на рурален туризам – еликсир на модерното време“ – нова перспектива за селата
♻️ Кампања „Рециклирај, редуцирај и подари“ – одговорност кон животната средина
🍯 „Настани – Традиција во тегла“ – поддршка на домашното производство и автентичните вредности
📖 „Волшебна приказна“ – култура, креативност и инспирација
🌍 Еко акција – конкретни чекори за почиста околина
👥 Иницијално собрание на Младинскиот совет на ГБА – простор за младите и нивниот глас
🤝 Во прилог на сето ова, со поддршка на нашите спонзори и донатори, беа иницирани и стратешки проекти кои претставуваат пример и насока за тоа како треба да се развива нашето општество – одржливо, инклузивно и со визија:
🏘️ Проект за обнова на с. Герман со преобразба во модерен и современ туристички центар
🌳 Проект за уредување на парк во с. Облешево
🛒 Проект за локален пазар во с. Облешево
🛍️ Проект за пазар во с. Ранковце
🏞️ Проект за рекреативен центар во с. Чифлик
🌿 Проект за парк во населба Банево Трло, Куманово
🗺️ Проект за туристички водич за Куманово
Овие иницијални проекти се показна вежба за тоа како со партнерство меѓу граѓанскиот сектор, донаторите и локалната заедница може да се создадат трајни вредности.
🙏 Голема благодарност до сите волонтери, спонзори, донатори и поддржувачи кои веруваат во нашата мисија.
➡️ Продолжуваме уште похрабро – затоа што иднината се гради денес.
#ЗеленаГрадбаАсоцијација #2025СоВизија #ОдржливРазвој #РураленТуризам #ЛокалниЗаедници #ЗаедноМожеме