Еснафско Крушево

Еснафско Крушево Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Еснафско Крушево, Nonprofit Organization, Krusevo.

Еснафското Крушево е симбол на солидарност, взаемна почит и гордост, вредности кои се пренесуваат од генерација на генерација. Денес, кога светот се менува со брзи чекори, токму тие вредности ни се најпотребни за да изградиме подобро и посилно општество.

18/03/2026

Врз основа на објавата на социјалните мрежи од страна на невладина организација со 5 члена, СДСМ Крушево, мора да се кажат неколку работи со цел да им стане јасно на граѓаните.

Малку е лицемерно денес да се критикува проблем што со години стоел нерешен, а сега одеднаш да се очекува да исчезне преку ноќ. Такви работи едноставно не функционираат така.

Депонијата не е проблем од сега, туку проблем што се таложел со години, без вистинска акција и без сериозен пристап. Тоа е резултат на долгогодишно игнорирање и одложување, па затоа не може да се очекува дека ќе се реши брзо и лесно.

Сегашниот градоначалник, Нико Чонески, е нешто повеќе од три месеци на функција и веќе почна да презема чекори. Барем се гледа дека има намера нешто да се направи, а не само да се премолчува како досега.

Од друга страна, во изминатите 8 години немаше ни обид ова прашање да се реши. Тоа е факт што не може да се прескокне, без разлика на тоа како некој сака да го прикаже.

Затоа, наместо драматични објави и собирање политички поени, подобро е да се остави простор и време за конкретни решенија што ќе донесат резултат на долг рок.

16/03/2026

Нико Чонески Blagojce Vlav Sped 👏👏💪💪

16/03/2026

Едно е да ветиш, друго е да реализираш!

Големо браво за градоначалникот Нико Чонески и директорот на ЈП Комуна - Крушево, Благојче Јанески.

Вака се сака Крушево ❤️

Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, присуствуваше на настанот Sofra e Elbasanit во Елбасан на покана од гр...
12/03/2026

Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, присуствуваше на настанот Sofra e Elbasanit во Елбасан на покана од градоначалникот Гледијан Љатја.

На средбата се разговарало за зајакнување на соработката меѓу двете општини, особено во туризмот, преку заеднички туристички рути и културни настани, со цел привлекување повеќе посетители.

Нико Чонески 💪👏

Мал гест со кој е изразена благодарност за нивната енергија, сила и улогата што секојдневно ја имаат во општеството ❤️
09/03/2026

Мал гест со кој е изразена благодарност за нивната енергија, сила и улогата што секојдневно ја имаат во општеството ❤️

Денес имав чест и задоволство да поминам дел од денот со прекрасните жени кои секојдневно со својата посветеност, труд и енергија придонесуваат за нашата општина.

Со мал и симболичен гест сакав да покажам благодарност и почит за се што прават на работното место, во семејството и во заедницата.

Нивната сила, упорност и добрина се вистинска инспирација.

Верувам дека токму преку меѓусебна почит и поддршка ја градиме заедницата во која сите се чувствуваат вреднувани.

Уредување на просторот околу џамијата во село Алданци. Со заедничка работа и посветеност може многу да се направи за раз...
06/03/2026

Уредување на просторот околу џамијата во село Алданци.

Со заедничка работа и посветеност може многу да се направи за развојот на секое населено место во нашата општина.

Браво градоначалник Нико Чонески 💪

Во Крушево се формира Општински совет за развој на туризмот како советодавно тело што ќе обезбеди континуирана координац...
04/03/2026

Во Крушево се формира Општински совет за развој на туризмот како советодавно тело што ќе обезбеди континуирана координација, транспарентност и активно учество на приватниот сектор, со цел одлуките да се носат заеднички, врз основа на реалните потреби и јасна стратешка насока.

За Еснафско Крушево❤️

03/03/2026

📢 Повик до сите кои работат во областа на туризмот

Општина Крушево, во соработка со приватниот сектор и преку долгогодишното партнерство со Швајцарската програма „ИМЕ – Зголемување на пазарната вработливост“, организира работилница посветена на унапредување на туризмот во Крушево.

📍 Место: Хотел Панорама & Спа
📅 Датум: 4 март (среда)
⏰ Почеток: 12:45 часот

Работилницата ќе ја води експерт од Швајцарија, а присутните ќе имаат можност за отворена дискусија со градоначалникот, со цел размена на идеи, предлози и мислења за предизвиците и идните планови за развој на туристичката понуда.

Со заедничка соработка и активна вклученост, целта е Крушево да се развива како препознатлива и атрактивна туристичка дестинација.

📞 Присуството може да се потврди на телефон: 072 264 157

02/03/2026

Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, утре ќе посети повеќе населени места за одблиску да разговара со жителите и да се запознае со нивните потреби и проблеми.

🕘 09:30 часот – Алданци
🕙 10:00 часот – Норово
🕥 10:30 часот – Врбоец
🕚 11:00 часот – Свето Митрани
🕛 12:00 часот – Бучин

Овие теренските посети се доказ дека градоначалникот Нико Чонески е секогаш меѓу својот народ, подготвен да ги слушне нивните потреби и заедно да работи на решавање на предизвиците.

Отпочнувањето на санирањето на депонијата е вистински чекор напред и доказ дека кога има волја има и резултатиБраво за г...
23/02/2026

Отпочнувањето на санирањето на депонијата е вистински чекор напред и доказ дека кога има волја има и резултати

Браво за градоначалникот Нико Чонески и директорот на ЈП Комуна, Благојче Јанески

Денеска сите заедно навиваме и даваме огромна поддршка на нашиот крушевчанец Ставре Јада!Му посакуваме многу успех❤️
10/02/2026

Денеска сите заедно навиваме и даваме огромна поддршка на нашиот крушевчанец Ставре Јада!

Му посакуваме многу успех❤️

Address

Krusevo

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Еснафско Крушево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share