Академија Кочани / Kocani Academy

Академија Кочани / Kocani Academy Академија Кочани е платформа на знаење и заедништво иницирана од група ентузијасти со цел подобрување на едукативната и културна програма во градот.

🤝👏👏👏
30/05/2026

🤝👏👏👏

✅ Кога локалци создаваат нешто добро за Кочани наша обврска е да застанеме зад нив. Со радост ја поддржуваме оваа инициј...
27/05/2026

✅ Кога локалци создаваат нешто добро за Кочани наша обврска е да застанеме зад нив.
Со радост ја поддржуваме оваа иницијатива како дел од визијата за поздрав, поактивен и поповрзан град.
Пријавете го своето учество на “Freedom Run” и/или дојдете на споменикот на слободата на 4ти Јули во 17 часот. Пријавување и детали за настанот на следниот линк
https://freedomrun.race.mk/
Со срце за Кочани ❤️

15/05/2026

📣ИНТЕРВЈУ со "Социјални Отпадоци" - Неприкосновените победници на Кочанскиот паб-квиз. 👇👇
1. Кои се „Социјални отпадоци“? Претставете се поединечно – име, што работите и една интересна работа за вас што луѓето не ја знаат.

Адријан е страстен јазичар кој предава англиски јазик. Научи да чита на 4 години, а да вози велосипед на 18.
Анастасија е лингвистка, а моментално работи како образовна асистентка. Сè прави во последен момент, ама секогаш е прва на квизот.
Давид по професија е софтверски инженер. Обожава да го поминува слободното време во природа, да истражува нови вкусови и да учи нови работи.
Кевин е тазе магистер, кој академската дисциплина ја замени со квиз-адреналин. Има селективна меморија: често заборава каде му се клучевите, но без размислување знае дека АББА победи на Евровизија во ’74.
Михајло по струка е исто така колега на лингвистите, но отстапува од тимот по тоа што е вистински 90s kid, односно, ја искусил декадата во целост, и по тоа што е од Штип.

2. Како се формираше екипата и кој го смисли името?

Првичната идеја беше на Анастасија и Давид, кои бараа активност што ќе биде малку поинаква од вообичаените кафе дружби. Давид беше тој којшто го предложи паб-квизот, а на нивно пријатно изненадување, Кевин и Адријан прифатија да се приклучат.
Тимот веќе добиваше форма, но тука доаѓаме до делот каде што и денес немаме целосна усогласеност, затоа што повеќе членови од тимот тврдат дека токму нивна била идејата да го поканиме Михајло. Без разлика чија беше иницијативата, процената беше иста: додавањето петти член може да биде клучно за успехот, но и дека квизот е одлична прилика да ја зачестиме дружбата.

Што се однесува до името, тоа настана во последна секунда. До самиот почеток на првиот квиз, никој од нас не ни помисли дека ни е потребно официјално име. Буквално пред првото учество, Анастасија се сети на една стара шега на Давид за нашиот состав и за тоа дека сме „социјални отпадници“. Таа игра на зборови ни звучеше добро, па така името ’залепи‘ и остана до денес.“

3. Победивте на 6 од вкупно 7 изданија на кои учествувавте— како ги доживувате победите? Има ли разлика во интензитетот на возбудата?

Првото учество ни беше на септемвриското издание, каде се пријавивме со доза љубопитност, првенствено со цел да се дружиме и забавуваме. А, највозбудлива игра ни беше на изданието во ноември, затоа што обично имаме дежурни песимисти, но тогаш сите имавме чувство дека имаме слаб перформанс и се изненадивме од победата.

4. Имавте и драматичен тај-брејк со „Забрањено Пушење“ – што се случува во тие моменти во главата на играчите?

Има три клучни фактори за да се постигне добар резултат: среќа – да се паднат погодни прашања, знаење – со кое се стекнувате низ животот, и концентрација – единствениот фактор врз кој можете да влијаете за време на играта.
Еден месец пред тој нерешен резултат, победивме со само еден бод повеќе од „Забрањено Пушење“, така што знаејќи дека играме против друг докажан силен тим, имавме мотив да се сконцентрираме и за дополнителната серија.

5. Имате ли поделба на области (спорт, историја, музика, географија…) или играте „инстинктивно“?

Немаме конкретна тема целосно доделена на само еден член од тимот, но ако е прашање од спорт, историја или филм, знаеме кои двајца ќе треба да се договорат и да го потврдат конечниот одговор, а кои ќе го користат тоа време за ревизија на претходните одговори од таа серија. Но, може да се каже дека повеќето области ни се во пресекот на множествата од интереси на сите од тимот, така што за најголем дел од прашањата играме инстинктивно.

6. Како одлучувате кој одговор е конечен кога има различни мислења?

Ова е интересно прашање, затоа што немаме некој воспоставен систем за тоа како да пристапиме во такви ситуации. Имајќи предвид дека досега на сите учества се има случено на прашање кое сме го згрешиле, точниот одговор да ни бил алтернативата која не сме ја избрале за конечна, можеби треба да поработиме на некаков план за во иднина.

7. Дали имате некој ритуал пред квиз или после победа?

Ритуал пред квизот ни е справување со предизвикот да стигнеме навреме. Има такви што често се на работ на доцнење.

8. Прашање што ве изнервирало затоа што „морало да го знаете“?

Има прашања кои ги толкувавме различно, како прашањето за најблиска планета до земјата, и покрај тој потенцијално погрешен одговор, ни одзема уште време до крајот на таа серија прашања. Но, сепак, како такво што најмногу нè изнервирало ќе го издвоиме она од јануарското издание за најпродаван роман на 21-виот век: напишавме „Хари Потер“, па почнавме да се сомневаме дека е најпродаван како серијал, а не како посебно издание, и го избришавме без да имаме сериозна замена. На крај не се ни сеќававме што точно напишавме, но беше погрешно, и резултираше во тоа да играме тај-брејк.

9. Кој тип прашања најмногу ги сакате, а кои најмалку?

Најдобро чувство е кога ќе се падне прашање за кое перцепцијата ни е дека е тешко, а сме сигурни во одговорот. А најпроблематични се таквите за кои одговорот ни е некаде на врв на јазикот, но во позадината на умот, па го оставаме неодговорено до крајот на серијата, и еден или неколку членови губат концентрација на следните прашања, сè уште размислувајќи и за одложеното.

10. Дали има нешто што би сакале да се подобри или додаде?

Велат секогаш може подобро, но искрено сметаме дека ако некој може да ја подобри формулата на ваков успешен настан, тоа се сигурно организаторите кои после толку изданија се докажани во способноста да приредат мешавина од знаење и забава во одлична атмосфера. Единствено имаме желба квизот да продолжи понатаму, затоа што веќе е доста препознатлив помеѓу голем опсег на генерации, а како што интересот расте можеби и да добие формат на турнир.

✅Денеска бевме дел од GENERALKA WEEKEND - национална иницијатива за чистење низ општините во Република Македонија. Поодг...
08/05/2026

✅Денеска бевме дел од GENERALKA WEEKEND - национална иницијатива за чистење низ општините во Република Македонија.
Поодговорни граѓани е еднакво на поодговорни институции. Оние коишто се грижат за чистотата на сопствениот град не толерираат неефикасност а се и личен пример за генерациите што доаѓаат.
За чисто и урбано Кочани ❤️

#ГенералкаВикенд

04/05/2026
15/04/2026

🙏Кочани е град на паб-квизот затоа што покрај масовноста ја има и најубавата атмосфера.
🎉Следното издание е роденденско и одиме на нов рекорд во посетеност💪.
30 Април 2026
Програма:
17.00-17.30 - Музичка изложба "кочански музучки времеплов".
17.30-18.30 - Паб Квиз
18.30 - Музички настап (Live)

Пријавете екипа во инбокс 🤘🎸

📢Академија Кочани со задоволство објавува дека компанијата Anthura Anthura MK станува прв општествен партнер на нашата и...
01/04/2026

📢Академија Кочани со задоволство објавува дека компанијата Anthura Anthura MK станува прв општествен партнер на нашата иницијатива.
🤝Со оваа поддршка, Антхура се приклучува кон заедничката визија за развој на локалната заедница, поттикнување граѓански иницијативи и создавање простор за едукација, дијалог и позитивни општествени промени. ✅Партнерството претставува важен чекор во градењето одржлив модел на соработка помеѓу бизнис секторот и заедницата, со цел долгорочен развој и колективен напредок.
✅Академија Кочани останува отворена за соработка со компании кои сакаат да придонесат кон развојот на градот и поддршка на иницијативи со општествено влијание.

Синоќа Кочани беше дом на искрени приказни, силни емоции и луѓе што потсетуваат дека вистинските вредности сè уште посто...
29/03/2026

Синоќа Кочани беше дом на искрени приказни, силни емоции и луѓе што потсетуваат дека вистинските вредности сè уште постојат.

„Мотивациски форум 2026“ не беше вечер на празни зборови. Беше вечер на луѓе зад кои стојат дела. Луѓе што со години тивко, истрајно и чесно помагаат, донираат, охрабруваат, будат свест и отвораат можности таму каде што најмногу недостига поддршка.

Секој говорник донесе различна, но подеднакво силна порака.
Весна Станковска (Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness) зборуваше за човечката грижа, достоинството и поддршката што понекогаш значи и спас.
Андреј Рајатоски (Gradinarot.mk) потсети дека и една искрена идеја може да ја менува средината и да обединува луѓе околу убави и корисни работи.
Кристијан Калинов (Ретвитни oброк-Retweet a meal) зборуваше за истрајноста на солидарноста и за добрината што трае со години.
Gordana Sofija испрати силна порака дека и пред рамнодушноста не смееме да се откажеме.
Борче Стаменовпокажа дека упорноста и добрината и покрај критики и обесхрабрувања, може да допре до илјадници животи.
Aleksandar Vidinovski ја заокружи вечерта со моќен повик за граѓанска будност, одговорност и достоинство.

Имаше тишина, имаше аплаузи, имаше емоции. Но најмногу од сè, имаше чувство дека луѓето сè уште препознаваат вистински дела.

Во сала исполнета со околу 250 присутни, се почувствува нешто што денес ретко се создава: вистинска поврзаност меѓу луѓето. Поврзаност преку човечност, преку искрени сведоштва и преку пораки што не завршуваат со аплаузот, туку остануваат да живеат во нас и по настанот.

Горди сме што во рамки на форумот ја споделивме и приказната за Академија Кочани — иницијатива што во изминатите 12 месеци реализираше над 30 активности со повеќе од 1.700 учесници, најчесто со минимални ресурси, но со многу срце, волонтерска енергија и доверба од заедницата.

Ова за нас не беше само успешен настан.
Ова беше потврда дека и со речиси никаков буџет, но со искрена намера, тимска посветеност и љубов кон заедницата, може да се создаде нешто што вистински допира до луѓето.

Искрена благодарност и до поддржувачите кои помогнаа овој настан да се реализира со својата добра волја, поддршка, спонзорства, услуги и отстапки:
Anthura, Европа 92, Алфа Саунд, Фото Студио ЛУНА и Prolet Bar.

Ви благодариме на сите што бевте дел од „Мотивациски форум 2026“.
На говорниците — за искреноста, храброста и примерот.
На публиката — за вниманието, емоцијата и довербата.
На сите што помогнаа — што покажаа дека кога заедницата застанува зад добра идеја, таа добива вистинска сила.

✅Утре (сабота 28 март 19ч), на МОТИВАЦИСКИ ФОРУМ 2026 ќе ги слушнеме вистинските доброчинители. Оние што будат институци...
27/03/2026

✅Утре (сабота 28 март 19ч), на МОТИВАЦИСКИ ФОРУМ 2026 ќе ги слушнеме вистинските доброчинители. Оние што будат институции, хранат, донираат, чистат, помагаат, охрабруваат и отвораат можности таму каде што најмногу недостига поддршка. Оние што не се откажале од добрината, од одговорноста и од заедништвото.

✅Ова нема да биде вечер на евтини приказни, туку вечер на вистински вредности. На скромност, истрајност и човечност. Вечер во која Кочани ќе има можност да ги удостои со присуство луѓето многусторници — оние што не нудат површност, туку пример; не нудат тензии, туку сила; не нудат безнадежност, туку вера дека поубавото општество почнува од нас самите.

✅Дојдете да слушнете квалитетна содржина. Дојдете да слушнете луѓе што имаат што да кажат затоа што зад себе оставаат дела со кои прават позитивна промена.

Карти ќе може да се купат и на влез.

Ве очекуваме.

27/03/2026

❤️

Address

Kocani
2300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Академија Кочани / Kocani Academy posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share