09/06/2026
Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кој се предвидуваат средства за проекти во урбанизмот, комуналните дејности, спортот, образованието и животната средина.
Меѓу клучните проекти се реконструкцијата на киното „Милениум“, обновата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и реконструкцијата на Планетариумот во МКЦ, во пресрет на 2028 година кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата.
Советниците ќе разгледуваат и план за изградба на нова противпожарна станица, со цел побрза реакција на пожарникарите и поефикасна заштита на граѓаните.