25/07/2025
Со голема благодарност и емотивен поздрав ви соопштуваме дека го затвoраме Хуманитарното Здружение "Ристо Калиников" https://ristokalinikov.mk/
Низ годините, со љубов и посветеност, организиравме бројни хуманитарни настани – донации на крв, музички концерти и акции за собирање средства – сè со една цел: да им помогнеме на луѓето со здравствени проблеми.
Искрено им благодариме на сите што беа дел од оваа хумана мисија.
Вашата поддршка, добрина и несебичност ни овозможија да направиме разлика таму каде што најмногу беше потребно.
❤️ Од срце – ви благодариме што бевте дел од нашата приказна. ❤️