Спортски клуб "Европски развој за сите "

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Спортски клуб "Европски развој за сите "

Спортски клуб "Европски развој за сите " Здружение за спортски активности „Европски развој за сите“
Association for sport activities " European development for everyone"

Цели и задачи
-Примарна цел на современото општество е развој на физички и психички здрави луѓе. Спортските активности од раното детство се од големо значење за неговото постигнување. Тие помагаат да се зголемат физичките перформанси, да се формираат витални и квалитети вештини. Физичкото образование и спортот им даваат можност на младите за само-подобрување, појавување и афирмација во општество

то како корисни индивидуи. Спортувањето од рана возраст придонесува за зголемување на физичкиот капацитет, формира квалитети и развива вештини за тимска работа.

Целите на спортскиот клуб се:
1. да негува љубов кон спортот ;
2. да се промовира спортот во Р.С.Македонија;
3. да ги стимулира и обединува граѓаните, нивните заедници и организации преку промовирање, развивање и поддршка на нивните потреби, а особено преку проширување на знаењето и промовирање интерес за спортот;
4. Да се обезбеди развој на образованието на луѓето за учество на натпревари, градење на спортски дух, градење навики поврзани со природата и здрав начин на живот;
5. Да промовира главната стратешка визија на Европската унија за спортот како клучна алатка за промовирање на општествените и личните принципи и вредности како што се: тимскиот дух, дисциплината, упорноста и фер-плејот, како и за зголемување на знаењето, мотивацијата и вештините на активните граѓани;
6. Промовира здрав начин на живот кај младите, привлекувајќи ги да учествуваат во настани од различна природа;
7. Помага, поддржува и организира развој на спортско-научната дејност, како и спроведување на специјализирани истражувања, размена и ширење на научни информации;
8. Развива и спроведува програми за организациска, методолошка и научна поддршка за развој на спортот. Да се даде вистинска насока во физичкиот и духовниот развој на адолесцентите;

Програмата на спортниот клуб ќе отговара целокупно за постигање на нашите цели и задачи. Во програмата ќе бидат заложени : учество и организирање на спортски настани во државата и странство; организира и спроведува предавања, јавни состаноци, дискусии, тркалезни маси, семинари, учество во телевизиски и радио програми; oрганизира едукативни настани за деца; методично да ги поддржува и соработува со здруженијата поврзани со иста дејност и цел; организира и спроведува натпревари и настани во различни видови спортови; учествува во подготовка на проекти за нормативни акти за подобрување на законодавството од оваа област; врши издавачки и промотивни работи поврзани со целите на Спортскиот клуб, како и други слични работи дозволени со закон.
Целите и програмата на спортскиот клуб кореспондираат со специфичните приоритети на програмата ЕРАЗМУС+: млади, младинска мобилност и неформално образование. Волуменот на Еразмус + за млади ни претставува совршена рамка за постигнување на нашите цели.

Ви посакуваме среќен Велигден исполнет со љубов, мир и радост. Нека празникот донесе топлина во вашите домови, здравје и...
15/04/2026

Ви посакуваме среќен Велигден исполнет со љубов, мир и радост. Нека празникот донесе топлина во вашите домови, здравје и среќа за вас и вашите најблиски. Нека светлината на Велигден ви донесе нова надеж, вера и позитивна енергија. 🌸🐣

Христос Воскресе!

🚀 Имаме веб-страна!Нашето здружение официјално е онлајн 👉 https://sc-eudevelopment.mk/ Ова претставува важен чекор во на...
27/03/2026

🚀 Имаме веб-страна!

Нашето здружение официјално е онлајн 👉 https://sc-eudevelopment.mk/

Ова претставува важен чекор во нашата работа, преку кој ќе ја зголемиме транспарентноста, видливоста и комуникацијата со сите вас. На веб-страницата ќе можете да ги следите нашите досегашни и идни активности, иницијативи, проекти, повици и можности за вклучување.

📢 Ве покануваме да ја посетите и да бидете дел од нашата заедница!


Почитувани пријатели и сограѓани,По повод големиот празник Бајрам, здружението ви упатува најискрени честитки со желби з...
20/03/2026

Почитувани пријатели и сограѓани,

По повод големиот празник Бајрам, здружението ви упатува најискрени честитки со желби за добро здравје, мир, среќа и благосостојба во вашите домови.

Нека овој свет празник донесе радост, сплотеност, разбирање и меѓусебна почит меѓу сите нас. Да ги негуваме хуманоста, солидарноста и љубовта кон близките, како вистински вредности што нè обединуваат.

Бајрам Шериф Мубарек Олсун! 🌙

Ние ги славиме нашите жени секој ден, не само денес! 🌹Денес славиме за почит, еднаквост, поддршка и славење на секоја же...
08/03/2026

Ние ги славиме нашите жени секој ден, не само денес! 🌹

Денес славиме за почит, еднаквост, поддршка и славење на секоја жена која прави разлика – тивко или гласно.

Затоа:
👏 славиме сила
💡 славиме идеи
❤️ славиме храброст
👑 славиме ЖЕНИ

Ви го честитаме овој ден и продолжете да го менувате светот. Ние навиваме за вас! ✨

#8Март #ЖенскаСила #Гиславимеженитесекојден

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ ја завршуваме со последното интервју на нашата амбасадорка за атлетика- Дарија ...
12/01/2026

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ ја завршуваме со последното интервју на нашата амбасадорка за атлетика- Дарија Крстевска! 💙💛

Следете ги нивните приказни, откријте како започнале, која е нивната go-to песна и со кои зборови би ги инспирирале младите.

📢Погледнете го интервјуто и претплатете се на нашиот YouTube канал 👇

Го претставуваме нашето последно чупе – Дарија Крстевска, новото атлетско име од Битола! 💙💛Иако својата спортска приказна ја започна пред само една година ...

Честит Божиќ! ☦️За многу години! 🎄✨ Ви посакуваме дом исполнет со мир, спокој и здравје! 🙏🏼
07/01/2026

Честит Божиќ! ☦️
За многу години! 🎄✨
Ви посакуваме дом исполнет со мир, спокој и здравје! 🙏🏼

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ продолжува и може да го погледнете претпоследното интервју со нашата амбасадорк...
12/12/2025

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ продолжува и може да го погледнете претпоследното интервју со нашата амбасадорка за одбојка - Симона Стојановска! 💙💛

Следете ги нивните приказни, откријте како започнале, која е нивната go-to песна и со кои зборови би ги инспирирале младите.

👉 Останете со нас и бидете дел од инспиративната приказна на битолските чупиња!

📢Погледнете го интервјуто и претплатете се на нашиот YouTube канал 👇

Продолжуваме со Симона Стојановска – битолското срце на македонската одбојка! 🏐💙💛Симона ја започна својата одбојкарска кариера во 2013 година со Пелистер ...

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ продолжува и може да го погледнете следното интервју со нашата амбасадорка за к...
06/12/2025

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ продолжува и може да го погледнете следното интервју со нашата амбасадорка за кошарка - Елена Тасевска! 💙💛

Следете ги нивните приказни, откријте како започнале, која е нивната go-to песна и со кои зборови би ги инспирирале младите.

👉 Останете со нас и бидете дел од инспиративната приказна на битолските чупиња!

📢Погледнете го интервјуто и претплатете се на нашиот YouTube канал 👇

Продолжуваме со следното Битолско чупе – ви ја претставуваме Елена Тасевска! 🏀💙💛Елена е едно од најголемите имиња на македонската женска кошарка и вистинс...

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ продолжува и може да го погледнете следното интервју со нашата амбасадорка за к...
28/11/2025

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ продолжува и може да го погледнете следното интервју со нашата амбасадорка за кикбокс - Маја Кузманова! 💙💛

Следете ги нивните приказни, откријте како започнале, која е нивната go-to песна и со кои зборови би ги инспирирале младите.

👉 Останете со нас и бидете дел од инспиративната приказна на битолските чупиња!

📢Погледнете го интервјуто и претплатете се на нашиот YouTube канал 👇

Продолжуваме со следното Битолско чупе! 🤭Ви ја претставуваме Маја Кузманова – црн појас со златно срце! 💙💛Со кикбокс започнува уште на 5 години во Академи...

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ продолжува и може да го погледнете второто интервју со нашата амбасадорка за ра...
21/11/2025

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ продолжува и може да го погледнете второто интервју со нашата амбасадорка за ракомет - Наталија Дишковска ! 💙💛

Следете ги нивните приказни, откријте како започнале, која е нивната go-to песна и со кои зборови би ги инспирирале младите.

👉 Останете со нас и бидете дел од инспиративната приказна на битолските чупиња!

📢Погледнете го интервјуто и претплатете се на нашиот YouTube канал 👇
https://youtu.be/eiswLUE7XbA?feature=shared

#БитолскитеЧупињаНаТерен #Интервјуа #СпортскаИнспирација

Кампањата „Битолските чупиња на терен“ продолжува! ✨На ред е Наталија Дишковска – новата надеж на македонскиот ракомет! 💙💛Своите први ракометарски чекори ...

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ не завршува – напротив, сега може да го погледнете првото интервју со нашата ам...
14/11/2025

✨ Кампањата „Битолските чупиња на терен“ не завршува – напротив, сега може да го погледнете првото интервју со нашата амбасадорка за гимнастика - Елеонора Димковска ! 💙💛

Следете ги нивните приказни, откријте како започнале, која е нивната go-to песна и со кои зборови би ги инспирирале младите.

👉 Останете со нас и бидете дел од инспиративната приказна на битолските чупиња!

📢Погледнете го интервјуто и претплатете се на нашиот YouTube канал 👇

https://youtu.be/42Ccp_RDqDM?feature=shared

#БитолскитеЧупињаНаТерен #Интервјуа #СпортскаИнспирација

Ја започнуваме Кампањата “Битолските чупиња на терен” со Елеонора Димковска – грациозност, сила и нови спортски хоризонти од Битола! 💙💛Со гимнастика започн...

Address

Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Спортски клуб "Европски развој за сите " posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share