Our youth work is focused on improving conditions for young people to build stronger societies. Loesje Битола започнува како приказна инспирирана од успешното делување на меѓународната мрежа Loesje, која е активна во повеќе од 20 земји. Loesje повеќе од 30 години посветено работи на поттикнување и развој на критичкото размислување, креативноста кај младите луѓе, како и подигнување на свеста за пр
облемите со кои тие се соочуваат во своите заедници и општеството во целина.
Преку локални и меѓународни партнерства, Loesje се залага и бори за:
- активна промоција на човековите права и различностите
- борба против дискриминацијата, нетолеранцијата и насилството
Еден од најуспешните методи е креативното пишување, преку кое младите луѓе се вклучени во изработка на безвременски постери и пораки преку кои на креативен начин, а базирајќи се на личните искуства и позитивни ставови, младите луѓе се обидуваат да допрат до пошироката јавност и да ја поттикнат свеста за тековните проблеми и предизвици со кои се соочуваат многу луѓе, заедници, општества и светот во целина.
Водејќи се од ваквите заложби и цели, Loesje Битола во партнерство со различни организации, млади луѓе, активисти силно ќе се залага за надминување на овие проблеми и градење општество во кое се почитуваат и слават различностите меѓу луѓето.
Цели на организацијата:
- развој на критичко размислување, со помош на креативни методи
- поттикнување на мобилноста и меѓународната соработка меѓу младите
- зголемување на свеста за човековите права, еднаквоста и толеранцијата, активното граѓанство и промовирање на овие концепти
- развој на активности, стратегии и кампањи со вклучување на младите луѓе како активни партнери
- соработка со засегнатите страни и градење партнерства со институциите за решавање на проблемите на младите луѓе