PRO ANIMA - Здружение за заштита на животните Берово

  • Home
  • Macedonia
  • Berovo
  • PRO ANIMA - Здружение за заштита на животните Берово

PRO ANIMA - Здружение за заштита на животните Берово Скоро секој град во Македонија има формирано Здружение за заштита на животните.
И Берово е должно и заслужува свое!

Ние сме љубители на животните групирани исклучиво за една цел- нивна заштита.
Нашата МИСИЈА е:
- заложба и борба против секаков вид на мачење, злоупотреба, и негрижа кон животните од страна на човекот;
- информирање на граѓаните за вистинската природа на животните, со тоа и промена на индивидуалната и колективната свест кај луѓето;
- ангажирање за заштита на напуштени бездомни животни, помош при л

екување и обезбедување на нивно сигурно сместување- вдомување;
- едукација на граѓаните со цел прифаќање на сите животни како дел од природата околу нас;
-организирање на кампањи со цел информирање на луѓето и подигање на свеста за правата на животните, нивна заштита и грижа за нарушување на тие права;
- борба за заштита на сите животни од измачување и суровост;
- поддржување на закони за слобода на живот и слобода според видот на животните;
- соработка со организации, здруженија, групи и поединци со кои имаме исти заложби и цели.
Нашите барања се следниве:
- за решавање на проблемот со прекубројноста на бездомни животни кучиња и мачиња да се применува стратегијата на масовна стерилизација, НЕ ЕУТАНАЗИЈА- залови-стерилизирај врати и бесплатна вакцина;
- соработка со сите здруженија за заштита на животните, затоа што благосостојбата на животните е и општа благосостојба еднакво важна и за здравјето на луѓето и за заштита на животната средина.Така се зголемуваат хуманите вредности а со тоа се истакнува и позитивниот имиџ на општината;
- овозможување на наше учество во раководењето на општински стационар за животни и помош во соодветна едукација на населението;
- ОСУДУВАЊЕ И САНКЦИОНИРАЊЕ на секаков вид насилство и суровост врз животните и формирање на служба за откривање на сторители на кривични дела како труење, мачење, убивање на животните.
- ДА НЕ СЕ ИГНОРИРА злосторништвото врз животните и непотребното излагање на болка и страв.Насилството врз животните е сѐ позачестена појава во државава, со што ги става на тест институциите дали и како тоа насилство ќе го перципираат и третираат - имајќи го предвид фактот дека сите психијатриски, социолошки, криминолошки истражувања посочуваат дека тоа не смее да биде игнорирано.

Нека овој светол ден ви донесе мир во срцето, радост во домот и надеж за нови почетоци.Нека добрината и верата бидат со ...
12/04/2026

Нека овој светол ден ви донесе мир во срцето, радост во домот и надеж за нови почетоци.
Нека добрината и верата бидат со вас и вашите најблиски – денес и секој ден. ✨
Додека славиме, да не заборавиме дека љубовта и грижата се најголемото чудо што можеме да го подариме.

Христос Воскресе! 🙏

ИТНО ВДОМУВАЊЕ 🐾Поради преселба во друг град, едно маче и едно кутре ќе бидат оставени на улица. Тие не се виновни за ни...
18/03/2026

ИТНО ВДОМУВАЊЕ 🐾

Поради преселба во друг град, едно маче и едно кутре ќе бидат оставени на улица. Тие не се виновни за ничија одлука… само им треба малку љубов и безбеден дом.

Ако некој има срце да вдоми барем едно од нив, ќе им го спаси животот.

📩 Пишете во порака.
🙏 Ве молам споделете – можеби токму вашето споделување ќе им најде дом.

Денес се навршуваат 40 дена откако замина Викторија.40 дена отсуство.40 дена болка што не се навикнува.Денес е и нејзини...
16/01/2026

Денес се навршуваат 40 дена откако замина Викторија.
40 дена отсуство.
40 дена болка што не се навикнува.

Денес е и нејзиниот роденден.
Првиот роденден на небото.

Ден што боли повеќе од другите.
Ден што нè потсетува колку многу љубов, светлина и живот имаше во една душа.
Ден кога тишината зборува погласно од зборовите.
Но и ден кога чувствуваме огромна благодарност за сите оние кои покажаа сочувство,солидарност и грижа во последните 40 дена.

Бескрајна благодарност до Иван, кој без размислување дојде од Словенија и стана столбот, водичот и двигателот на сè што следеше.
Огромно, длабоко и искрено благодарам до Natalia Ivanova и Борис – за огромните СРЦА кои ги покажаа во најтешките моменти.
Благодарам до Maja Popovska, Vasilka Rudovska, Zorica Stajkovska, Kristina Velinova, Maja Taneva, Viktor Maznev, Julia Ma, Elvira Ilievska, Marija Pelovska,
кои го отворија својот дом и срце за мачињата на Викторија, продолжувајќи ја нејзината мисија.
Благодарам и за Ves Pel Tanceva и Monika Mikol кои обезбедија нов дом за дел од нејзините животни, особено за оние со посебни потреби и оние на кои им треба посебна грижа.

Денес, на овој тежок ден, ќе се собереме за последно „чао“.
Не збогум. Збогум не постои за оние што живеат во срцето.
Ќе ги изгаснеме светлата во станот кој за толку многу животни не беше само простор, туку спас, засолниште, дом.
Место каде нивните стравови беа нејзини, нивните болки нејзини, нивните животи нејзина одговорност.
Место каде што љубовта започнуваше.
Место што дишеше затоа што Викторија беше таму.

Сликата од прозорецот, полн со живот, очи и надеж, од времето кога таа беше жива, повеќе нема да ја видиме.
Но таа слика ќе живее во нас. Засекогаш.
Да потсетува на љубов што не бара ништо за возврат.

Среќен небесен роденден Вики!.
Ти благодараме за сè што ни остави.
До следно видување.
🤍🐾❤️

Среќен Божиќ! 🎄✨Нека празниците донесат мир во срцата, здравје во домовите и светлина што ќе ве води низ секој нов ден. ...
07/01/2026

Среќен Божиќ! 🎄✨
Нека празниците донесат мир во срцата, здравје во домовите и светлина што ќе ве води низ секој нов ден.
Нека љубовта, разбирањето и добрината бидат наш избор не само денес, туку секогаш.
Во духот на Божиќ – празник на човечноста и милосрдието – да бидеме малку понежни, потопли и посплотени. Ви благодариме што сте со нас и што заедно шириме добрина. 💙

Ваши,
ПРО АНИМА БЕРОВО

Драги наши пријатели,Ви посакуваме среќа, здравје и убави моменти во Новата година! Посакуваме 2026 година да донесе пов...
01/01/2026

Драги наши пријатели,

Ви посакуваме среќа, здравје и убави моменти во Новата година!
Посакуваме 2026 година да донесе повеќе добрина, повеќе спасени животи и повеќе причини за насмевка – и за луѓето и за животните.

Ваши,
ПРО АНИМА ❤️

Во Франција нема кучиња на улица?Еве зошто!↘️↘️↘️
20/12/2025

Во Франција нема кучиња на улица?
Еве зошто!
↘️↘️↘️

Франција усвои моќен нов закон со кој напуштањето домашни миленици се казнува со парични казни до 45.000 евра и затворска казна до три години, што го прави една од најстрогите мерки за заштита на животните во Европа.

Реформата беше воведена откако засолништата пријавија нагло зголемување на бројот на напуштени мачки и кучиња, особено во летните месеци. Законот дополнително ги заострува правилата за одгледување животни и воведува поголема одговорност на сопствениците, со цел да се спречат импулсивни посвојувања. 🐾

По загубата на Викторија, зборовите доаѓаат тешко.Некои болки не се објаснуваат – само се носат.Таа замина ненадејно, но...
16/12/2025

По загубата на Викторија, зборовите доаѓаат тешко.
Некои болки не се објаснуваат – само се носат.

Таа замина ненадејно, но зад себе остави грижа што сè уште дише.
Животи што ги допре.
Животни кои сега зависат од нас,нашата волја да помогнеме, сочувство.

Двете мачиња што ги споменуваме денес, Викторија ги згрижи пред сè да се случи.
Без двоумење. Без да праша дали има услови.
Само со мислата дека ниеден живот не смее да чека подобро време.
Ги остави на место кое тогаш значеше спас.
Денес, тоа место повеќе не е опција.
А тие сè уште чекаат...

Затоа,ја бараме вашата помош.
Бараме активист или здружение што ќе може да ги преземе и да им обезбеди згрижување до конечен дом.
Или некој кој би сакал да им пружи дом.

Ова е најмалку што ѝ го должиме.
Да не дозволиме ништо што започна од љубов, да заврши во тишина.
Да продолжиме таму каде што таа застана, не затоа што мораме, туку затоа што таа така нè научи.

Овој повик не е воопшто лесен, но е неопходен.
Ако знаете активист или здружение што може да помогне, ве молиме означете ги, споделете или контактирајте нè директно.
Понекогаш токму еден тивок чекор спасува цел живот.

За нив.
И за Викторија — чија љубов кон животните не престанува тука.

Вики... 🫶🏻
11/12/2025

Вики... 🫶🏻

💛 Мал дел од нашето срце… само за вас 💛И оваа година, како и секоја претходна, сакавме да им подариме нешто на луѓето ко...
07/12/2025

💛 Мал дел од нашето срце… само за вас 💛

И оваа година, како и секоја претходна, сакавме да им подариме нешто на луѓето кои нè носат низ најтешките моменти…
НА ВАС.
На сите што остануваат покрај нас, што се грижат, што веруваат во втори шанси исто толку силно како и ние.

Ги собравме сите моменти — насмевките, спасените животи, малите победи што значат сè —
и ги претворивме во нешто што можете да го држите во раце.

🌟 Нашиот календар за Новата 2026🌟
Календар создаден од фотографии на нашите спасени животни.
Секоја страница носи нивна приказна, нивна надеж и прекрасна порака што потсетува дека секој живот вреди за борба.

Овие страници постојат затоа што некој како вас одлучи да помогне.

Со донација од 300 денари, вие не само што ја поддржувате нашата работа — ❤️ туку ни помагате да продолжиме да спасуваме живот по живот.
А како благодарност ќе го добиете календарот, создаден со голема љубов и исполнет со душите кои ја направија оваа година незаборавна.

За да го добиете календарот:
📩 Испратете ни порака по донирањето на нашата сметка со цел да се договориме за начинот на преземање:
↘️↘️↘️
Здружение за заштита на животните ПРО АНИМА Берово
УНИ БАНКА
240210108521727

Од дното на нашето срце — благодариме што ни давате сила да продолжиме. 🐾

10/11/2025
Оваа планета ни припаѓа на сите подеднакво!Сечиј живот е еднакво важен, почитувајте го!Имаме избор - подобар,похуман,пос...
04/10/2025

Оваа планета ни припаѓа на сите подеднакво!
Сечиј живот е еднакво важен, почитувајте го!
Имаме избор - подобар,похуман,посреќен свет е можен!

Или како што би рекол Дарвин: "Љубовта спрема сите живи битија е најблагородната карактеристика на човекот"...

Среќен 4 - ти Октомври,светскиот ден на животните

Ваши,
ПРО АНИМА ❤️

15/07/2025

Феликс не беше „само куче“. Беше жртва. Стана симбол. А од денес и преседан❗️

За првпат во Македонија, убиство на животно завршува со затворска казна.
Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на три месеци ефективен затвор за свирепото убиство на Феликс, а неговиот соучесник, Бранко Билбиловски, доби глоба од 1000 евра.

Феликс почина на 7 јануари 2025 година, од последици на брутално насилство.
Анима Мунди и ЈП Лајка поднесоа кривична пријава, а денес добивме прва пресуда со затвор за убиство на животно. Ја добивме сите ние, што не молчевме. Во името на Феликс. Во име на сите животни кои никогаш не добиле правда.

Драги хумани граѓани, ова не е само судска одлука. Ова е правна пресвртница.
Недоволна – да. Но гласна, недвосмислена и прва. И нема да остане последна.

Оваа пресуда испраќа суштинска порака: дека животното не е предмет, дека насилството ќе носи последици. Дека владеењето на правото не е празна флоскула, туку мора да има вистинска тежина – особено кога општеството е сведок на системско молчење и отсуство на одговорност. Дека повеќе не може секој монструм да гази, убива и мачи без последици.

Судијката Лидија Петровска изјави: „Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост. Со изрекување на ефективна казна затвор се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат.“ Порака која е важно да се слушне гласно. Која сакаме да ѕвони во ушите на секој што мисли дека насилството врз животно е „ништо“.

Затоа што злосторства нема да остануваат неказнети. Никогаш повеќе.

Случајот со Феликс беше тест – за институциите, за моралот, за државата.
Денес, системот покажа дека може да биде на страната на хуманоста, кога постои волја.

👉Наша длабока и јавна благодарност до:

🔸️Јавниот обвинител Зоран Здравев, кој го водеше обвинението;
🔸️Адвокатката Бранкица Миланова, која про боно ја застапуваше нашата кривична пријава – со целосна посветеност, знаење и храброст;
🔸️ЈП ЛАЈКА, кое како сопственик на Феликс учествуваше во постапката и даде огромен придонес;
🔸️Судијката Лидија Петровска, која направи вистински исчекор во судската пракса и постави нов стандард;
🔸️Секој хуман и храбар граѓанин кој не молчеше!
💗ЗА ФЕЛИКС, ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗА ПРАВНА ДРЖАВА, ЗА ПРАВДА!

Address

Berovo

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when PRO ANIMA - Здружение за заштита на животните Берово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to PRO ANIMA - Здружение за заштита на животните Берово:

Share