Стоп за насилството во училиштата во Кисела Вода, Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Скопје
  • Стоп за насилството во училиштата во Кисела Вода, Скопје

Стоп за насилството во училиштата во Кисела Вода, Скопје Насилството во училиштата е во пораст, иако тие ги имаат сите законски механизми да спречуваат девијантно однесување.

Насилството се игнорира, вината се префрла на жртвите. Оваа страница ќе споделува конкретни примери на непостапување во Кисела Вода!

Многу се говори за врсничко  насилството во основните училишта. Вообичаената слика која ја создаваат медиумите е дека на...
10/10/2024

Многу се говори за врсничко насилството во основните училишта. Вообичаената слика која ја создаваат медиумите е дека насилни деца на родители, на кои никој ништо не им може, тероризираат цели одделенија. Она што помалку се говори е дека училиштата имаат снажни законски механизми да му се спротивстават на насилството, но истите не ги користат, кршејќи го законот, затоа што неспособни директори така решиле!

На оваа страница сакаме да ги споделуваме нашите искуства како родители во справување со проблемот во основното училиште Кирил Пејчиновиќ во Скопје . Ги покануваме сите родители кои поминуваат низ истото да се советуваат со нас, да се охрабрат и да говорат за проблемите со нетретираното врсничко насилство. Ќе споделуваме и ресурси до кои дојдовме низ нашата битка, а кои можат да помогнат во битките на другите родители. Сите мали битки се заедничка битка, битка за безбедноста и здравјето на нашите деца. Правата на децата на безбедна средина ослободена од насилство се неприкосновени. Законите се на страната на децата , но училиштата мора да бидат притиснати да си ги заработат платите кои им ги плаќаме и да работат по закон!

Заедно сме посилни! Да го спречиме насилството во училиштата! Да направиме притисок законите да се применуваат!

Родителите прашуваат како да реагираат и што можат да направат кога се соочуваат со прикривање од страна наставниците, а да не зборуваме дека во нашите училишта им....

Address

Кисела Вода
Скопје

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Стоп за насилството во училиштата во Кисела Вода, Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share