European Media Puzzle

European Media Puzzle СЕДУМ ВО ЕДНО претставува алатка во комуникацијата на граѓаните

Permanently closed.

Обединети во проектот наречен „European Media Puzzle“ (Европски медиумски мозаик) водени од критичната потреба за компетентен новинарски кадар, JCWE-Новинари за права на деца и жени и заштита на животната средина - Македонија, во тесна соработка со Здружението "ЛИДЕРЕ" - Латвија; Хрватскиот енвироменталистички прес центар - Хрватска; „Опера Oнлус“ - Италија, го создава мултимедијалниот портал "Med

iaPuzzleNews.net" со содржини од сите земји учеснички, објавени во светот на четирите мајчини јазици, како и на службениот јазик - англиски.

Нашиот императив е да се подигнат стандардите на известување за прашањата на ЕУ и да се промовираат бенефиции од оствареното.
Нашата движечка сила се новинари со различни способности и голем број на експерти, јавни личности, функционери, бизнисмени.
Нашиот фокус е квалитетот наместо квантитетот и инклузивност наместо ексклузивност.
Нашата заедничка цел е да се развива чувство на европски идентитет, базирано на заеднички вредности, историја и култура, преку негување на транснационален пристап со локалната димензија - можност да се допре до европските граѓани во нивниот секојдневен живот.
Нашата специфична цел е новинари од цела Европа кои сакаат да ја изградат својата кариера и / или да ги подобрат своите вештини, да обезбедиме знаење и контакти кои им овозможуваат да известуваат за прашањата од ЕУ доверливо, компетентно и ангажирано.
Нашата мисија е развивање на чувство на заедништво и европеизам, поттикнување на чувството на припадност на Европската унија како нејзини граѓани, поттикнување на интеракција меѓу граѓаните и граѓанските организации од сите земји учеснички, вклучување на граѓанското општество во дебати, размислувања, акции, како и давање моќ на граѓаните да земат активна улога во демократскиот живот на ЕУ и да ги уживаат новите права на иницијативност.
Нашите алатки се подигање на свеста, размислување и размена на мислења со оние кои одлучуваат за релевантноста и последиците од особено актуелни политики на ЕУ за секојдневниот живот на граѓаните вклучувајќи го и управувањето, климатските промени, одржлив енергетски и економски аспекти на стратегијата Европа 2020.
Нашите членови се сите оние подготвени да дадат свое мислење за актуелните прашања на политиката на ЕУ, преку месечниот онлајн форум на порталот.

Address

Венијамин Мачуковски 2А-3/16
Скопје
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when European Media Puzzle posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to European Media Puzzle:

Share