- Поттикнување и развој на граѓанскиот сектор во општина Битола, а и пошироко.
- Активно делување во промовирање на еколошката свест кај поединецот, како една од суштествените културно традиционални вредности и обележја на нашиот град.
- Едукација и информирање на секој граѓанин во општината за теми кои се однесуваат директно на секој поединец и подигање на свеста за соодветно место на граѓанинот
во делувањето на локалната самоуправа.
- Издавање на јавно информативно гласило, како и најразновидни печатени и друг вид изданија.
- Детектирање на проблемите од суштествена важност чие разрешување секогаш зависи од свеста на поединецот и неговата вклученост во истите, преку изнаоѓање на најсоодветни решенија во интерес на сите.
- Будење на свеста за социјализација и комуникација на индивидуалецот со средината во која живее, афирмирање на неговите способности, таленти и други активности со кои полесно би се вклопил во средината и би создавал можност за негово полесно адаптирање во општеството и развивање на своите ставови и потреби, како и знаења и можности.
- Развивање на колективните и друштвените активности како што се спортските, културните и други манифестации, за јакнење на толеранцијата и прифаќање на различните индивидуи, како основа за секое здраво општество.
- Активно вклучување на секој социјално загрозен жител во идни проекти на здружението, како што се бесплатните обуки во адекватни работилници и афирмирање на способностите на секој поединец.
- Организирање на разни манифестации, семинари и други собири преку кои се промовираат правата и обврските на поединецот во функционирање на локланата самоуправа, како едни од основните начела за подобар развој на поединецот и промоција на средината во која живее.
- Основање на извиднички, еко и друг вид одреди и патроли, според потребите за афирмирање на вредностите за кои се залага здружението.
- Заштита и унапредување на човековите права
- Борба за социјална правда
- Развивање и јакнење на свеста за културниот диверзитет.
- Остварување соработка со бизнис секторот, културните и образовни институции во Република Македонија
- Соработка со релевантни владини и општински институции
- Соработка и размена на искуства со сродни или слични здруженија во земјата и странство.