30/09/2026
UNODC 15TH Crime Congress 🇺🇳🇦🇪
⚖️Изминатата недела се одржа Конгресот за спречување на криминал и кривична правда организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), кој е најголемиот светски настан во областа на спречување на криминал и кривична правда и се одржува на секои пет години од 1955 година во различни делови од светот.
🇦🇪Оваа година, во Обединетите Арапски Емирати, на Конгресот се усвои Декларацијата од Абу Даби. Овој петгодишен план ќе им служи на земјите да се справат со најголемите современи закани за безбедноста. Опфаќа прашања како што се организираниот криминал и киберкриминалот, користењето на вештачката интелигенција и модерните технологии, корупцијата, меѓународната правна соработка и заштитата на жртвите.
Истата се базира на четири столба:
📍Превенција и отпорност
📍Правда и владеење на правото
📍Современи и конвергентни закани за криминал
📍Иновации и соработка
Ми беше задоволство да бидам дел од Младинскиот Форум, составен од 50 млади луѓе, со по 10 претставници од секој регион, и заедно со нив да го усвоиме GenJust нацрт-планот кој беше претставен на Конгресот.